Заострување на регулативата во делот за поседување и носење оружје

27.11.2014 16:02

Со новиот Закон за семејно насилство, кој ќе стапи во сила во 2015-та, се предвидуваат значително построги мерки за сторителите. Тие ќе биде отсранети од својот дом, и ќе им биде одземено оружјето со кое располага...

По проверката на социјалната инспекција, за трикаратното убиство во Злетово, утврдено дека Центарот за социјални работи ги презел сите мерки и постапил според надлежностите, тврди министерот Диме Спасов. Против професионалниот војник кој го изврши трикратно убиство и си пресуди сам се водела кривична постапка пред суд, а бил пријавен и за семејно насилство. 

„Центарот за социјална работа покренува постапка пред надлежен суд за ирекување привремени мерки за заштита само доколку постои согласност од страна на жртвата на семејно насилство и да се покрене судска постапка за изрекување привремени мерки за заштита. Во исто време Центарот работи со жртвата и понудени и се сите останати мерки предвидени со закон“, рече Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.

Со новиот Закон за семејно насилство, кој ќе стапи во сила во 2015-та, се предвидуваат значително построги мерки за сторителите. Тие ќе биде отсранети од својот дом, и ќе им биде одземено оружјето со кое располага. Неопходна е построга регулатива во располагањето и ракувањето со службеното оружје, смета министерката Јанкулоска. Законот за оружје се однесува само на оружја што се со приватна дозвола за поседување иако е втор по строгот во светот. Се разгледуваат опциите за измени на Законот. Да се превенира, да не се случуваат насилства за кои што сме сведоци деновиве.

„Во конкретниот случај потребно е да се направи дистинкција затоа што убиството е сторено со службено оружје. Тоа значи дека службеното оружје не потпаѓа под Законот за оружје, туку има целосно поинаков режим на ракување од оружјето кое потпаѓа под Законот за оружје и токму тоа е оној сегмент кој би сакале да го зајакнеме односно регулативата што се однесува на сите институции или органи каде што вработените ракуваат со оружје да биде построга и попрецизна“, рече Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи.

Доколку вработен во МВР стори кривично дело насилство или надлежните имаат информации дека постои можност да стори кривично дело насилство, вработениот подлежи на дисциплински мерки, негова суспензија и раздолжување со личната опрема и вооружување. Нема да ракува со оружје се до завршување на таа постпака, појасни министерката за внатрешни работи. МВР континуирано презема превентивни ирепресивни мерки. Но, тоа не е доволно смета Јанкулоска. Потребно е вели вклучување на целото општество во кампања за нетолеранција на насилството од било каков вид.

За 9 месеци годинава, регистрирани се 168 кривични дела недозволено изработување, држење и тргување со оружје, а пријавени се 179 сторители.

Издадени се 1415 одобренија за набавување на оружје.

Наташа Гркова-Петрушевска