Текстилците од Македонија и Србија ќе соработуваат за извоз на трети пазари
Во Белград се состанаа преставници на текстилните фирми од двете земји да преземат заеднички и конкретен чекор за подобрување на сликата во трговската размена на текстилната индустрија...

Вкупната трговска размена меѓу Македонија и Србија лани изнесувала 900 милиони долари. Од тоа на текстилните производи отпаѓаат само 30 милиони долари. Тоа беше повод во Белград да се состанат преставници на текстилните фирми од двете земји да преземат заеднички и конкретен чекор за подобрување на сликата.
„Соработката меѓу македонските и српските компании е на ниско ниво и на денешната средба одлучивме поинтензивна соработка наредната година со цел зајакнување на капацитетите и зголемување на извозот на трети пазари“, рече Наташа Сивевска, директор на Текстиониот кластер на Македонија.
Ова е прва среба на преставици на текстилните фирми на двете земји.
„Констатиравме дека треба многу повеќе да работиме заедно со цел првенествено меѓу себе да ја зголемиме трговската размена, а со самото тоа подоцна да преминеме на извоз кон ЕУ и кон Русија“, рече Слаѓана Милојевиќ, директор на Текстилниот кластер на Србија.
Организатори на бизнис форумот беа Стопанската комора на Србија, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Македонската амбасада.
Во Македонија се регистрирани 800 текстилни фирми со 40.000 вработени, кои остваруваат 18 % од вкупниот македонски извоз. Но на овој состанок беа присатни само 10 македонски текстилни фирми.
Оливер Бранковиќ