„Мајката Храброст“ ја собра публиката во Кумановскиот театар
Приказната во претствата се следи преку субјективниот кадар на „Мајката Храброст“, а темата е војната и сиромаштијата. Режисерката Ангеловска очекува долг век на репертоарот на театрот, а планирано е таа да учествува на домашни и меѓународни фестивали...

Премиерната изведба на претсавата „Мајката Храброст и нејзините деца" од Бертол Брехт и во режија на Ѕвезда Ангеловска ја собра публиката во Кумановскиот театар. Иако со тешка тематика, за публиката претствата прифатлива и со порака да има повеќе нови проекти во театрот.
„Мислам дека треба да има повеќе нови претствави за да има за што да доаѓаат луѓето во театар.“
„Мислам дека оваа е најава и повик не само за старата, туку и повик за една нова публика која треба да се научи и да се врати во театарот“, изјавија кумановци.
Не само на задоволство на публиката, со голема страст и очекувања е на актерскиот тим сосатвен од добро познатите кумановски лица и засилен со млади актери кои максимално се вложија и направија успешен проект.
„Сметам дека им влеавме храброст и ги поканувам и понаму да доаѓаат за да ја почуствуваат онаа храброст што ние им ја продицираме од сцената“, изјави актерката Кети Доневска Илиќ по завршувањето на премиерата.
Приказната во претствата се следи преку субјективниот кадар на „Мајката Храброст“, а темата е војната и сиромаштијата. Режисерката Ангеловска очекува долг век на репертоарот на театрот, а планирано е таа да учествува на домашни и меѓународни фестивали.
„Сметам дека претстватата ќе се задржи на репертоарот, а тоа најмногу зависи од нас како тим, а пубика подговтевена за добар театар секогаш има“, изјави режисерката Ѕвездана Ангеловска.
Оваа е првиот реализиран проект на театрот за 2014.Од таму најавија дека за само две недели се очекува премиерата и на втората претства, финасирана од Министерството за култура.
Габриела Димковиќ
