Општина Чашка: Во законска постапка е склучен договорот за купопродажба на „Чеплес“
Од Чашка информираат дека претходно, објектот бил дивоградба, без сопственик и без право на користење од некој друг, со што законски требало да биде срушен, бидејќи според општината, лицата кои со него стопанисувале немале право на тоа...

По кривичната пријава за градоначалникот, со соопштени се огласи правната служба на општина Чашка. Во него се тврди дека планинарскиот дом „Чеплес“, во законска постапка и по инструкции добиени од надлежните институции бил, најпрво впишан во сопственост на општината, а потоа преку јавно наддавање бил склучен и договор за купопродажба.
Од Чашка информираат дека претходно, објектот бил дивоградба, без сопственик и без право на користење од некој друг, со што законски требало да биде срушен, бидејќи според општината, лицата кои со него стопанисувале немале право на тоа.
Инаку, полицијата го товари градоначалникот пановски за злоупотреба на службената положба.
