Нова германска инвестиција во охридско
„ОДВ Електрик“ ќе добие сосед. Уште една германска компанија од автомобилскиот сектор ќе инвестира во Охрид. За две недели ќе падне одлука дали новиот инвеститор ќе влезе во погоните на емо или во слободната зона...

Нова германска инвестиција влегува во Охридско струшкиот регион. Станува збор за компанија за автомобилски делови која ќе донесе нови вработувања објави премиерот Никола Груевски. Името на фирмата засега се држи во тајност. Германската компанија се очекува во наредните две недели да ја донесе одлуката каде ќе ја гради новата фабрика. Се разгледуваат две опции за теренот - просториите на ЕМО или во технолошко-индустриската зона во овој регион.
„Втората компанија која исто така доаѓа од Германија е во завршна фаза на одлука каде точно ќе ја изгради фабриката, односно каде точно ќе се стационира во смисла дали тоа ќе биде во просториите на ЕМО или во технолошко-индустриската развојна зона Охрид-Струга. Во период од две недели ќе ја имаат финалната одлука. Според она што го видов на состанокот не постојат дилеми дали тие ќе инвестираат во охирдско-струшкиот регион“, рече Никола Груевски, премиер на Република Македонија.
Втората компанија ОДВ Електрик која во април го објави влезот во Слободната технолошко – развојна, Струга - Охрид ќе реализира браунфилд инвестиција во постоечки погон. Веќе се ангажирани четириесетина лица. Оваа компанија рече Груевски планира да изгради фабрика во индустриски развојната зона и да вработи околу 1000 лица. Премиерот најави уште три други компании, од Унгарија, Бугарија и од Србија, кои се заинтересирани за купување и инвестирање во ЕМО. Сите се во бизнисот со трансформатори и правење далеководи.
Дијана Ценевска
