Ракометарите во Скопје ќе акумулираат сили за Катар
За разлика од претходните години кога репрезентацијата ја ковала стратегијата пред настап на големите настани надвор од земјата, овојпат РФМ се реши за домашни услови во базата во хотел „Русија“...

Македонската машка ракометна селекција ќе се подготвува за мундијалот во Катар во спортскиот комплекс „Јане Сандански“.
За разлика од претходните години кога репрезентацијата ја ковала стратегијата пред настап на големите настани надвор од земјата, овојпат РФМ се реши за домашни услови во базата во хотел „Русија“.
Новата сала нуди одлични услови за работа, па собирот е закажан за 22 декември во Скопје каде што избраниците на Ивица Обрван ќе го одработат најголемиот дел од подготовките за Светското првенство.
Во првиот дел до крајот на годината, ќе се одвиваат тренинзите, и освежувањето на ракометарите, а ќе се одиграат и првите две контроли против селекцијата на Израел. По паузата поради Новогодишните празници се продолжува со работа а на 8 јануари се патува за Франција на турнир на кој формата ќе се проверува на два натпревара.
На 9 јануари противник ни е Алжир а потоа во зависност од резултатот ќе играме со Франција или Аргентина.По завршувањето на турнирот, на 11 јануари, или пет дена пред мундијалскот вовед со Тунис, најдобрите македонски ракометари заминуваат директно за Катар, што значи дека ќе имаат доволно време за аклиматизација и за адаптација.
На патот до остварување на осминафиналната цел и пласман меѓу првите 4 во групата „Б“ стојат пет ривали. На 17-ти во вториот меч во групата Македонија игра со Иран, два дена подоцна протиник е БиХ, во претпоследното коло е судирот со фаворитот Хрватска а групната фаза се заокружува со дуелот против Австрија.
Едно од првите две места во оваа конкуренција нуди евентуално полесен ривал во клучниот осминафинален двобој на патот за историски пласман на Олимписките игри во Рио 2016-та.
