Генерален штрајк ја парализира Грција

27.11.2014 18:02

Во Грција невработеноста достигна 26 проценти, а меѓу младите е дури 60 насто...

Општ штрајк ја парализира Грција – затворени училишта, болници, аеродроми и градскиот сообраќај. Синдикатите протестираат против владините реформи, отпуштањата и пензиската реформа што ги бара меѓународната тројка кредитори. Владата во Атина ќе воведува поостри мерки во рамките на програмата за спас вредна 240 милијарди евра.

„Требаше да излеземе од програмата за спас уште вчера, ќорсокак е. Ова е човечка криза, тонеме, банкротираме, а не сакаат да признаат“, рече Нина Вентури, невработена.

Во Грција невработеноста достигна 26 проценти, а меѓу младите е дури 60 насто.