Гувернерот на Мисури го отфрлил барањето за ново судење на белиот полицаец

27.11.2014 18:09

Полицијата уапси околу 100 демонстранти кои блокираа автопат во Лос Анџелес, но протестите губат на сила...

Гувернерот на Мисури наводно го отфрлил барањето за ново судење против белиот полицаец кој уби невооружени црномурест тинејџер. Семејството на Мајкл Браун изрази разочараност пред камерите.

„Ова е неправда. Не знаев дека работите ќе бидат вакви. Овде се работи вака. Системот може многу да ви наштети“, рече Лесли Мекспаден, мајка на Мајкл Браун.

Полицијата уапси околу 100 демонстранти кои блокираа автопат во Лос Анџелес, но протестите губат на сила. Во Фергусон протестираат околу стотина луѓе, повеќето се повлекоа поради невремето.