ОПЕК не постигна договор, цената на нафтата во слободен пад
27.11.2014 18:53
Цените на суровата нафта паднаа за 30 % од јуни, поради намалената побарувачка на светско ниво и зголеменото производство на САД...

По средбата на ОПЕК цените на нафтата се во слободен пад. Министрите од 12-те земји членки не постигнаа договор да ја намалат испораката. По објавата, Брент нафтата падна под 72 долари за барел.
Цените на суровата нафта паднаа за 30 % од јуни, поради намалената побарувачка на светско ниво и зголеменото производство на САД. Ова загрижи неколку членки на нафтниот картел, на кои им се неопходни цени од 80 до 100 долари за барел за да ги балансираат домашните буџети.
