Пратеничките прашања фокусирани на државниот испит за студентите
Товарот од други нерешени прашања во образованието, преку полагањето на државен испит ќе падне врз студентите – сметаат опозициските пратенички. Владата со одговор дека се решила на концепт за да може да студира кој сака, но, тоа да не биде само колку за да се дојде до диплома туку знаењето да биде реално...

Со аргументи за и против државниот испит во високото образование отворена седницата на пратеничките прашања. Според Грчева не е кооректно цената на погрешната високообразовна политика да ја платат студентите. Дисперзираните студии високите над 90% запишани на факултетите а малиот број на вработени асистенти, се само дел од проблемите, за кои што треба, рече да се бара решение. Аргументацијата на премиерот поинаква. Дисперзираните студии не влијаат на квалитетот. Причината ја лоцираше во дел од приватните факултети кои водејќи се од желбата за поголем профит ги симнувале критериумите.
„Нека ги прочитаат искуствата од дваесет европски земји ќе видат дека она што се евалуира и се оценува е образовниот процес а не актерите во процесот. Актерите се студентите, професори, асистенти, администрација“, рече Солза Грчева, независен пратеник.
„Воведувањето на државен испит ќе помогне да имаме гаранција дека најмалку секој студент има знаење за преодна оценка. Кажавме во кои зеји во Европа тоа го има, го има повеќе од сто години уште од времето на Австро-Унгарија, во Полска, Чешка, Словачка, Унгарија и таму никој не прави проблем за тоа, таму тоа е нормална работа“, рече премиерот Никола Груевски.
Многуте дезинформации околу државниот испит според пратеникот Николовски созавале револт кај студентите. Прашање за премиерот кој ќе го спроведува државниот испит.
„Дали имаме веќе сознание која би била комисијата којашто би го спроведувала државниот испит“, праша Александар Николовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Професорити кои добро котираат и меѓународно, чии што истражувања и статии се примаат во списанија со фактор на влијание со повисок коефициент, што значи нивното научно работење има поголема тежина отколку само локална“, одговори премиерот Груевски.
ДПА ја отвори и оваа владино пратеничка седница со монолог од критики за ДУИ и газањето на правата на етничките Албанци. Низ оваа призма Ибраими ја дешифрира и содржината на бомбата на Заев.
„Што може да биде таа бомба освен тешкиот живот на Албанците“, рече Орхан Ибраими од ДПА.
Спикерот Вељановски повторно регираше, барајќи да не се потценуваат седниците посветени на пратеничките прашања, а со тоа и на собранието како институција.
Виолета Димовска
