Работилница за едукација на родителите за примената на антибиотиците кај децата

27.11.2014 19:40

Родителите без препорака од лекар им даваат на своите деца антибиотици. Лекарите предупредуваат, со нерационална употреба на овие лекови, бактериите стануваат имуни. Министерството за здравство преку едукација во градинките ќе ја подигнуваат свеста кај родителите.

Голем број родители ги носат децата и болни во градинка, бидејќи нема кој да ги чува. Затоа таму бактериите и вирусите најмногу се шират. За побрзо да оздрават, дел од родителите признаваат дека и без препорака од лекар им даваат антибиотици на децата.

„Мала настинка за да може да се донесе во една ваква установа затоа што нели нема кој да ни ги чува децата, од таа причина се даваат антибиотици на своја рака за побрзо да оздрават децата “, рече Марика Терзиска, родител.

Антибиотиците ги убиваат бактериите, но не и вирусите, велат надлежните. Со нерационалната употреба на овие лекови бактериите стануваат имуни.

„Здравствените власти со тоа што ќе направат регулатива која што ќе овозможи антибиотиците, бидејќи законска обврска е да се издаваат тие на рецепта во никој случај да не се случи во аптека пациентот да не може да го купи лекот“, рече Мериам Хаџихамза, раководител на работната група за рационална употреба на антибиотици. 

„Инспекторите на Агенцијата за лекови се редовно на терен и ги проверуваат аптеките за начинот на издавање односно за нерационалното издавање на антибиотиците “, рече Марија Дарковска – Серафимовска, директор на Бирото за лекови.

Министерството за здравство и агенцијата за лекови преку едукација во градинките ја подигаат свеста на родителите за рационалната употреба на антибиотиците. Вакви едукации ќе има низ повеќе градови низ земјава.

Андријана Атанасовска