Бројот на разводи расте десет пати повеќе од наталитетот

27.11.2014 19:55

Бројот на разводи расте десет пати повеќе од наталитетот – вака сумирано може да се гледаат последните извештаи на Заводот за статистика. Според стручната јавност, економската моќ не е пресудна затоа што токму во добро стоечки општини, природниот прираст е најмал...

Расте бројот на бебиња. Во јули, август и септември на свет дошле повеќе во споредба со истиот период лани, информираат од Државниот завод за статистика. Чаир, Гостивар, Тетово со највисок наталитет. Потфрлија Карпош, Кисела Вода, Берово и Крива Паланка. Имаат најнизок наталитет и најголем минуси во природниот прираст во третиот квартал годинава.

„Таа политика на Владата последните неколку години во демографскиот развој на Македонија значи еден исчекор во смисла младите брачни парови да се охрабруваат да раѓаат деца, дека тие се некако заштитени, дека се нуди некој гаранција, односно политика која обезбедува елемнтарни предусловии за трето дете во семејството“, рече Илија Ацевски, универзитетски професор.

Според стручната јавност, економската моќ не е пресудна за нискиот прирорен прираст. Карпош и Кисела Вода, на пример се општини со висок стандард за македонски услови, а таму се раѓаат малку бебиња. Причина за тоа можеби се релативно големиот број  разводи токму во овие општини.

„Многу развиени земји покажуваат дека тие секогаш не се поврзани со бројот на бракови и разводи. Ако го негуваме модерниот и постмодерен начин на живот да се следи и во една економско-социјална смисла, тоа многу нема да се одрази така драстично“, вели Илија Ацевски, универзитетски професор.

Најмалку разводи има во општините Арачиново, Студеничани и Сарај. Истовремено, токму овие општини имаат најголем наталитет во Скопскиот регион. 

Наташа Јанчиќ