Попоски на средба со амбасадорите на членките на ЕУ во Брисел

28.11.2014 08:48

Како што соопшти МНР, на средбата ќе се разменат мислења за перспективите на Република Македонија за почеток на пристапни преговори...

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска ќе учествува на работен појадок со постојаните претставници - амбасадори на земјите-членки на Унијата во Брисел, на кој ќе учествуваат и високи претставници на Европската комисија и Европската служба за надворешни работи.
 
Како што соопшти МНР, на средбата ќе се разменат мислења за перспективите на Република Македонија за почеток на пристапни преговори и за начините за нивно ефектуирање на претстојните состаноци на Советот за општи работи на ЕУ и Европскиот совет во декември.
 
Во работните групи на Советот на ЕУ, каде членуваат претставници на земјите-членки, отпочнат е процесот на усогласување на заклучоците на Советот по препораките од овогодишните извештаи на Европската комисија за напредокот во процесот на пристапување на земјите-кандидати и потенцијални кандидати.