ИПАРД средства за развој на селски туризам
Сѐ што е потребно за развој на селскиот туризам може да се ко-финансира со средства од ИПАРД. Од услуги за сместување па до придружни рекреативни капацитети...

За нови и обнова на веќе постојните објекти за сместување, музеи, ресторани, кампинг простор и бунгалови, финансиски се подржуваат со ко-финансирање од ИПАРД програмата. Со европски пари можат да се изградат и рекреативни капацитети, градинки и домови за стари лица.
Инвестицијата мора да биде во рурална средина, односно во економски помалку развиени региони.
Барателот може да биде физичко лица,а капацитетот за сместување треба да има најмногу 10 соби. До 30 соби за овие средства можат да аплицираат мали претпријатија, трговски друштва и трговец поединец.
Ветеринарите кои сакаат да работат во селските средини можат да инвестираат и во изградба на приватна ветеринарна станица.
Методија Трајков
