Папата Франциско во тридневна посета на Турција
28.11.2014 10:52
Во фокусот на разговорите ќе биде верската толеранција, како и борбата против тероризмот...

Папата Франциско ја почнува тридневната посета на Турција. Предведени се средби со претседателот Ердоган, како и со врховниот муслимански верски лидер Гормез.
Во фокусот на разговорите ќе биде верската толеранција, како и борбата против тероризмот. Особено борбата против Исламска држава која се одвива близу границата со Турција.
Папата Франциско претходно изјави дека и покрај тоа што е невозможно да се разговара со милитантите на Исламската држава, сепак вратата не би требало да биде затворена.
