Се смирува состојбата во Фергусон

28.11.2014 11:00

Група демонстранти, незадоволни од одлуката на поротата во Фергусон, во Њујорк ја прекина традиционалната парада за Денот на благодарноста...

Состојбата во Фергусон смирена во изминатото деноноќие. Група демонстранти, незадоволни од одлуката на поротата во Фергусон, во Њујорк ја прекина традиционалната парада за Денот на благодарноста.

Приведени беа најмалку седум лица. Уапсените граѓани беа ослободени со ветување дека ќе се појават пред судот.

САД ги зафати нов студен бран. 200 илјади домаќинства во Њу Хемпшир останаа без електрична енергија.

„Останавме без греење. Но благодарни сме за ова што го имаме“, вели жител на Њу Хемпшир.

Поради снежната бура стотици летови беа откажани.