МРТ дознава: Омер Кулиќ доаѓа во понеделник со извештајот за падот на кингерот

28.11.2014 11:37

Омер Кулиќ, шефот на истражниот тим треба да стигне во Македонија и извештајот да го предаде на македонските власти...

Во понеделник ќе стигне извештајот за падот на кингерот во кој во 2004- тата во Босна и Хецеговина загина претседателот Трајковски – дознава МРТ од членовите на Комисијата за утврдување на причините на несреќата.

Омер Кулиќ, шефот на истражниот тим треба да стигне во Македонија и извештајот да го предаде на македонските власти.

Пред босанските медиуми посочил – тимот во целост ја утврди причината за падот на авионот.

Деталите се испратени. Сите актери во тој настан се опфатени, но не смеам да кажам кој е одговорен.  Прво ќе соопштиме на нашиот и на македонскиот обвинител, појаснил Кулиќ.