МВР: Граѓаните да не „фрлаат петарди“ и да не „пукаат“ со огнено оружје
Министерството за внатрешни работи, во пресрет на новогодишната ноќ, апелира до граѓаните да се воздржат од употреба на огнено оружје, петарди или други пиротехнички средства, како и од други нарушувања на јавниот ред и мир.
На учесниците во патниот сообраќај, пак, им порачуваме да бидат внимателни и дисциплинирани и во целост да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително да поседуваат зимска опрема и особено да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол.

Министерството за внатрешни работи, како и во претходните години, и овој пат ќе ги зајакне позорните и сообраќајните патроли, пред се, на местата и објектите каде што ќе се организира пречек на Новата година.