Турција: Уапсен осомничениот за убиство на српскиот навивач

28.11.2014 11:57

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ изјавил за Танјуг дека Турскиот амбасадор во Белград, Махмет Бозај му ја соопштил оваа информација...

Турскиот државник К.А е задржан во полиција како осомничен за убиството на навивачот на Црвена ѕвезда Марко Ивковиќ.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ изјавил за Танјуг дека Турскиот амбасадор во Белград, Махмет Бозај му ја соопштил оваа информација. Турскиот весник Хуриет објави фотографија од апсењето на осомничениот.

Претходно турската полиција соопшти дека има приведено 7 лица поради истрага за убиството на 25 годишниот Ивковиќ што се случи на 21 ноември пред „Абди Ипекчи Арената“ во Истанбул пред кошаркарскиот натрепавар во Евролигата помеѓу Црвена звезда и Галатасарај.