Бурата во Бризбејн направи штета од над 100 милиони долари
28.11.2014 12:24
Без струја вчера останаа 90 илјади домаќинства...

40 лица се поврдени во бура која го зафати Бризбејн. Улиците беа поплавени, што го парализираше сообраќајот. Големиот ветер однесе покриви на згради.
Без струја вчера останаа 90 илјади домаќинства. Утрово во расчистувањето на улиците учествуваат како градските служби, така и армиски единици.
Според првичните податоци штетата од невремето може да надмине 100 милиони долари.
