На словенечките студенти за работа преку студентските сервиси ќе им се впишува пензиски стаж
28.11.2014 12:39
Според новите правила за работата преку студентските сервиси работодавачите ќе издвојуваат придонеси за здравствено и пензиско осигурување во висина од 8,85%, а учениците и студентите 15,5%...

Минималната вредност на работен час е 4,5 евра бруто или 3,8 евра нето одредена со договорот потпишан од претставниците на Владата и на студентските организации.
Освен оваа мерка за регулирање на повремената работа на студентите Словенечката влада ги продолжи стимулативните мерки за вработување на млади преку кои последнава година се вработиле 2.500 лица.
