МО: Нема пропусти во безбедносните проверки кај професионалниот војник Манаилов
Сите претходни психофизички и невролошки тестови биле уредни. Министерството и Армијата имале сознанија за кривичната пријава, и осум месеци, во период јули 2013 до февруари 2014 не бил распоредуван на должност стражарско обезбедување...

Нема пропусти во службата за стражарско обезбедување и безбедносните проверки кај професионалниот војник Манаилов, кој го изврши тројното убиство во Злетово, Пробиштип, велат од Министерството за одбрана и Генералштабот.
Сите претходни психофизички и невролошки тестови биле уредни. Министерството и Армијата имале сознанија за кривичната пријава, и осум месеци, во период јули 2013 до февруари 2014 не бил распоредуван на должност стражарско обезбедување.
Лекари од воено- медицинскиот центар, при неговиот прием во 2000 година не констатирале никакво нарушување на неговата психофизичка состојба.
Во 2012 бил во мировната мисија ИСАФ, и должностите ги извршувал професионално.
Наскоро се очекува, формираната комисија да излезе со конечен извештај.
