Јункер: Би го сторил истото, моравме да ја диверзифицираме економијата!
Поранешниот премиер на Луксембург за париски „Ле Монд“ вели: „Да, јас би го сторил истото, моравме да ја диверзифицираме нашата економија, немавме друг избор“...

Еден ден по повторно добиената доверба од Европскиот парламент, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во интервјуто за париски „Ле Монд“ се навраќа на аферата „Лукс Ликс“, планот за привлекување на капиталот во Луксембург на бројни светски компании. Поранешниот премиер на Луксембург, притоа вели „Да, јас би го сторил истото, моравме да ја диверзифицираме нашата економија, немавме друг избор“.
На почетокот на ноември, повеќе медиуми меѓу кои и париски „Ле Монд“ го обелоденија системот за избегнување на плаќањето на данок организиарн од Луксембург, афера која го доби името „Лукс Ликс“.
Новиот претседател на Европската Комисија, Жан- Клод Јункер беше премиер на Луксмебург од 1995 до 2013. Во интервјуто за „Ле Монд“, тој ја презема одговорноста за планот на неговата земја да привлечи странски капитал.
„Да, јас би го сторил истото, моравме да ја диверзифицираме нашата економија, немавме друг избор“ – објаснува Јункер.
За да го оправда тоа, тој посочува дека неговата земја зависеше многу од производството на челик, сектор кој е во криза од 70-тите години.
Пред европратениците на 12 ноември, Жан-Клод Јункер беше јасен:
„Јас не сум архителт на системот за однаочување на Луксембург, но политички сум одговорен“.
Но, во Европската политика, колку и да им изгледа неморално на другите земји членки на Европската Унија, даночната политика е под надлежниост на земјите членки, а не на Брисел.
Новиот претседател на Европската комисија, кој ја доби поддршката од мнозинството од европратениците на вчерашното гласање во Стразбур (461 европратеник гласаа против предлогот на крајната десница за недоверба), сега ветува дека неговата Комисија ќе предложи мерки кои одат во насока на хармонизација на даночната политика.
Јункер притоа потсетува дека Комисијата ја поддржува таксата врз финансиските трансакции.
Тони Гламчевски
