Како се прославува во европската престолнина?!
Како се прославува во европската престолнина?!
Бриселци, како и најголемиот број туристи, Новата година ќе ја пречекаат токму тука, на Гранд плац- еден од најубавите плоштади во светот, кој поради својата 10-вековна историја и грандиозните градби се наоѓа под заштита на УНЕСКО како дел од светското културно наследство.
На плоштадот се наоѓа и новогодишната елка, која граѓаните ја украсуваат со ѕвездичките на кои претходно ги запишуваат своите желби. А на желбите им нема крај.
-Моја лична желба е да имам прекрасна венчавка. Ние треба да се венчаме следната година.

Среќа , тоа е се.
Сакам да ги посетам моите родители во Украина
- Претпоставувам . нова работа. Тоа би било супер
- Сакам да имаме добар живот, сите луѓе да се заедно. Среќна Нова година на сите... на децата и на сите луѓе на планетава.
Освен личните желби, бриселци посакаа мир во светот и повеќе пари за сите.
-Да излеземе од економската криза.
- Mир и љубов за сите.
Освен на гранд Плац, Новата година ќе се прославува и на плоштадот Де Бруке и на Монт де Арт од каде што ќе почне и традиционалниот новогодишен огномет. Интересно е што оваа година во Брисел ќе се одржи и најголемиот техно жур во Европа. Љубителите на оваа музика ќе имаат можност да ја проследат изведбата на 70-сетина светски познати групи и ди-џеи на дури осум локации во градот. Големиот часовник поставен на плоштадот Де Бруке во изминативе 5 дена ги одбројува последните часови од оваа година.
Марина Тонева, наш постојан дописник од Брисел