Кин ја напушти Астон Вила

28.11.2014 13:46

Кин беше назначен за член на стручниот штаб на Астон Вила во јули, но и со негова помош тимот не чекореше најдобро во Премиер лигата...

Рој Кин неочекувано ја напушти позицијата асистент тренер во Астон Вила. Поранешниот капитен на Манчеестер јунајтед и на репрезентацијата на Република Ирска неодамна изјави дека му е тешко да биде помошник на тренерот Пол Ламберт во клубот од Бирмингам и во исто време да работи како асистент на ирскиот селектор Мартин О Нил.

Кин беше назначен за член на стручниот штаб на Астон Вила во јули, но и со негова помош тимот не чекореше најдобро во Премиер лигата. Се наоѓа на два бода од зоната за испаѓање, а утре има важно гостување кај Барнли.