Продолжуваат немирите на истокот на Украина

28.11.2014 13:50

Портпаролот на Руската истражна комисија соопшти дека Киев не истражил ниту еден злочин на истокот на Украина...

Две лица загинаа, а три се повредени, меѓу кои и две деца во гранатирање на станбена зграда во Хорливка. Од Министерството за вонредни состојби на самопрогласената Народна Република Доњецк го потврдија инцидентот и соопштија дека уште едно лице загинало на соседната улица.

Во пукотници во Дењецк загина еден малолетник.  

Портпаролот на Руската истражна комисија соопшти дека Киев не истражил ниту еден злочин на истокот на Украина.

Комисијата вчера отвори кривична истрага за убивањето на цивили во Доњецк.