Нема да има лесни противници за Македонија!
Сличен рејтинг со Македонија имаат Полска, Белгија и Италија што значи дека со нив нашата репрезентцација не може да игра, но затоа е јасно дека ќе добие тројца силни противници...

Тоа што се знаеше и претходно, ФИБА Европа само го потврди со официјалното објавување, извлекувањето на групите за ЕП 2015-та македонската кошаркарска репрезентација ќе го дочека од четвртата квалитативна конкуренција.
Рангирањето е извршено според резултатите на последниот континентален шампионат во Словенија и според постигнувањата во овој циклус квалификации.
Сличен рејтинг со Македонија имаат Полска, Белгија и Италија што значи дека со нив нашата репрезентцација не може да игра, но затоа е јасно дека ќе добие тројца силни противници.
Извлекувањето ќе биде на 8 декември во парискиот Дизниленд и тогаш, покрај составот на групите, ќе биде познато и кои репрезентации каде ќе играат, затоа што ЕП ќе се оддржи во четири земји, Франција, Германија, Хрватска и во Литванија.
Завршниот дел од шампионат којшто ќе трае од ќе сеодигра во Лил од 5-ти до 20-ти септември 2015-та година.
Составот на квалитативните групи пред извлекувањето е:
1: Франција, Литванија, Шпанија, Хрватска
2: Словенија, Украина, Србија, Финска
3: Грција, Турција, Латвија, БиХ
4: Полска, Белгија, Македонија, Италија
5: Германија, Израел, Чешка, Грузија
6: Холандија, Русија, Исланд, Естонија.
