Фудбал
Ласер од 12 илјади евра!
28.11.2014 13:53
УЕФА ја казни Фудбалската федерација на Македонија со 12 илјади евра, поради несоодветно однесување на навивачите на дуелот Македонија – Словачка или прецизно за употреба на ласер...

УЕФА немаше милост и ја казни Фудбалската федерација на Македонија со 12 илјади евра, поради несоодветно однесување на навивачите на дуелот Македонија – Словачка или прецизно за употреба на ласер.
Уште на почетокот на натпреварот, португалскиот судија Педро Проенса се пожали дека бил попречуван со ласер и тоа од северната трибина.
Редарската служба успеа да го пронајде лицето и да го одземе ласерот, но тоа не го го спречи делегатот да го запише овој настан во извештајот од квалификацискиот меч за Европското првенство во 2016-та година.
Казната ја изрече специјаното „Тело за контрола, етика и дисциплина“ на УЕФА.
