Ставрески: Растот на индустријата ги потврдува добрите политики

28.11.2014 14:17

Вицепремиерот Ставрески истакнува дека во Европа само Македонија и Ирска имаат висок и континуиран раст во индустријата...

Македонската индустрија фати добар залет. Веќе 14 месеци има континуиран раст. Последниот податок за порастот од 7,5 проценти или вкупно за 10-те месеци пораст од над 5 проценти покажува дека имаме добри политики, изјави вицепремиерот и министер за финасии Зоран Ставрески при денешната посета на Прилеп.

Вицепремиерот Ставрески истакнува дека во Европа само Македонија и Ирска имаат висок и континуиран раст во индустријата. Тој очекува и во наредниот период да се одржат високите стапки на економски раст и во индустријата и во другите сектори.