Фудбал

Има ли јунак којшто ќе го совада Хандановиќ!

28.11.2014 14:18

Словенекиот репрезентативен чувар на мрежата вчера го стопираше шутот од 11 метри на фудбалерот на Дњипро, Јевгениј Конопјанка на натпреварот од петтото коло од УЕФА Европа Лигата...

Голманот на Интер, Самир Хандановиќ е мајстор за пенали, само така може да се опише неговата серија од шест одбранети удари од белата точка.

Словенекиот репрезентативен чувар на мрежата вчера го стопираше шутот од 11 метри на фудбалерот на Дњипро, Јевгениј Конопјанка на натпреварот од петтото коло од УЕФА Европа Лигата.

Претходно еден по друг, Хандановиќ во Серија А не успеаја да го совладаат, Макси Лопез од Сампдорија, Антонио Касано од Парма, Марсело Ларонда од Торино, Андре Косуа од Каљари и Лука Тони од Верона.

Со 20 пенали без примен гол, Хандановиќ е на второто место на вечната листа во Италијанското првенство зад легендарниот Џанлука Паљука со 24.

Последен кој успеа да го совлада Хандановиќ е Вејн Руни и тоа во пријателскиот натпревар меѓу Англија и Словенија во јули оваа година.