Не претерувајте со пиење и со јадење
Една чаша вино, еден жесток пијалак и умерено количество мрсна храна е препораката на лекарите за новогодишната ноќ и претстојните празнични денови. Алкохолот го посочија како најчеста директна и индиректна причина за смрт и трауми, посебно кај младите.
Директор на Универзитетската клиника за токсикологија и ургентна медицина Д-р Андон Чибишев апелира.
,,Строго се забранува алкохол да конзумираат лица помлади од 18 години,притоа посебно да се обрне внимание на истовремено внесување алкохол и седативи,кое може да биде опасна ,па дури и смртоносна комбинација“

И според д-р Јасминка Чабуковска-директор на Универзитетската клиника за хируршки болести ,,Св.Наум Охридски“ главен виновник е алкохолот.
,,Најчесто истите се причина за консумирање на алкохол, што доведува до намалена свесност и критичност кај возачите и кај сите други учесници во сообраќајот, и учесниците во овие празнични и претпразнични забави.“
Министерот Тодоров информираше дека Брзата помош во Скопје ќе работи со 14 тимови, двојно повеќе од вообичаено. Сите болници и здравствени домови ќе имаат доволно дежурни екипи, но и резервни тимови на повик.Туристичките места и главниот град се најзајакнати, а на трансфузиологија има доволно крвни единици.
Сепак, министерот Никола Тодоров и лекарите на сите им пожелаа добро здравје, и што помалку да имаат потреба од лекар.
,,Здравствениот систем е целосно подготвен да одговори на сите предизвици од сите аспекти, но она што е моја и веројатни и желба на сите доктори и сите што се вклучени во здравствениот систем да не се искористат капацитетите на здравствениот систем вечерва или да се искориста што е можно помалку“.