Најдоброто од Васил Хаџиманов на еден компакт- диск
Компакт-дискот содржи 19 песни од неговата богата кариера ...

Промовиран компакт- дискот „Како Вардар– најдоброто од Зафир Хаџиманов“, кој одбележува 70 години живот и 50 години творештво.
Компакт-дискот содржи 19 песни од неговата богата кариера (од првата кант-авторска творба „Како Вардар“, со која настапил на Скопскиот фестивал, до „Од љубов не се бега“, една од неговите последни композиции), обработки на стари народни песни и интерпретација на поезија од Миладинов, Рацин, Радован Павловски...
Цедето, кое го објави „Пасворд продукција“ со поддршка на Министерството за култура, денеска беше промовирано, а 10.000-те примероци од него во среда ќе им бидат подарени на читателите на „ТЕА Модерна“.
Македонскиот кант-автор кој живее во Белград, придружуван од својот син, џез-музичарот Васил, на промоцијата во живо изведе некои од своите хитови, пред голем број гости, роднини и пријатели од родното Кавадарци и негови соработници.
