Ранетите Курди ќе се лекуваат во чешките бањи

28.11.2014 15:44

Чешките бањи биле добро опремени за рехабилитација на такви повреди затоа што таму се лекувале чешките војници ранети во Авганистан...

Шефот на чешката дипломатија Лубомир Заоралек при посетата на Ирак, понудил Чешка да прими на лекување и рехабилитација Курди ранети при судирите со џихадистите, како помош во борбата против Исламската држава, пренесува Бета.

Чешките бањи биле добро опремени за рехабилитација на такви повреди затоа што таму се лекувале чешките војници ранети во Авганистан.

Од ова и двете страни би имале корист затоа што чешките бањи останале без многу клиенти по кризата меѓу Украина и Русија, а Курдите имале илјадници повредени.