Од 2018 ЕУ ќе го следи загадувањето од бродовите
28.11.2014 16:00
Правилата се однесуваат на воените и на бродовите над 500 тона...

Европската унија го усвои механизмот за мерење и контрола на штетните емисии од бродовите од 1 јануари 2018 година со намера да се намали загадувањето на воздухот.
Советот на Европа објави дека договорот е направен меѓу земјите членки на ЕУ и останува уште да биде официјализиран.
Правилата се однесуваат на воените и на бродовите над 500 тона. Нивните сопственици ќе мора да ги конролираат штетните гасови за секое патување и на годишно ниво и ќе мора да ја известуваат ЕК. Поморскиот сектор предизвикува 3% од загадувањето со штетни гасови.
Сања Стојановска
