Парите од дијаспората да се искористат за самовработување
Тимот на универзитетот „Американ Колеџ“ излезе со сет препораки како да се мотивираат девизните приматели да инвестираат повеќе во самовработување на младите до 29 години. Се предлага ослободување од плаќање придонеси, 30% кофинансирање за почнување бизнис...

Годишно околу 300 милиони долари девизни дознаки во кеш пристигнуваат од дијаспората. Наголем дел се трошат, а многу малку се насочуваат за самовработување на младите. Најчесто се инвестира во трговија, ресторани, хотели.
„Анкетата покажува дека мал дел од средствата се искористуваат за самовработување. Само 10 до 11 % од домаќинствата кои примаат дознаки ги канализирале во бизнис“, рече д-р Марјан Петрески, професор на универзитетот „Американ Колеџ“ – Скопје.
Тимот на универзитетот „Американ Колеџ“ излезе со сет препораки како да се мотивираат девизните приматели да инвестираат повеќе во самовработување на младите до 29 години. Се предлага ослободување од плаќање придонеси, 30% кофинансирање за почнување бизнис.
„50% директен грант за почетни бизниси во делот на високи технологии,специфични мерки за самовработување во рурални подрачја,поттикнување на женската популација да почне со бизнис“, вели д-р Никица Мојсовска Блажевска, универзитетски професор.
Препораките се добри, но средствата сеограничени, вели директорот на агенцијата за вработување Поповски. Годишно 3,2 милиона евра се насочуваат за самовработување на околу 950 млади до 29 години.
„До 13 март 2016 година е во функција и младите до 29 години една година се ослободуваат од плаќање на сите придонеси во висина на просечна плата во земјава со услов да продолжат со работа најмалку уште една година ”, вели Влатко Поповски, директор на АВРМ.
Секоја година како што ќе се ослободуваат средства за стечајцит ќе се насочуваат како поддршка за самовработување меѓу кои и на млади од семејства кои добиваат дознаки од дијаспората, најави Поповски.
Свето Николовски
