Странските инвестиции и домашната индустрија мотор на индустрискиот раст
Резултатите се должат на добрата даночна политика и бизнис клима – вели вицепремиерот Ставрески...

Индустриското производство зема замав. 14 месеци по ред континуиран раст. Мотор- компаниите во слободните индустриски зони и домашната индустрија. Резултатите се должат на добрата даночна политика и бизнис клима – вели вицепремиерот Ставрески.
„Македонската индустрија има добар залет. Последниот податок за порастот од 7,5 проценти или вкупно за 10- те месеци над 5 проценти покажува дека имаме добри полтики“, вели Ставрески.
Индустриското производство е двојно поголемо кај капиталните производи, за 21,3 насто има раст во снабдувањето со електричната енергија, седум ипол проценти во преработувачката индустрија.
Надлежните очекуваат високите стапки на економки раст да продолжат. Ризици сеуште деменат од пазарите на Европската унија каде имаме најголем извоз. Но, сепак Македонија е втора држава во Европа, веднаш зад Ираска, по остварените резултати во индустриско производство. Продолжуваат и инвестициите во патната инфратсруктура. Градежниците се на терен- 42 милиони од ЕБОР ке бидат потрошени за изгрдаба на патот Градско- Прилеп.
„Парите се веќе одобрени. Во следните шест месеци ќе трае процесот на експропријација и веднаш потоа се распишува тендер за градба. Очекувам, некаде при крајот на летото во 2015 година и почетокот на есента, да почне градбата на делницата од Градско кон Прилеп во делот на Фаришката и Дреновската клисура“, рече вицепремиерот Зоран Ставревски.
Преку автопатот Градско- Прилеп, Југозападниот регион ефикасно ќе се поврзе со Коридорот 10. Градежните работи се очекува да бидат завршени за две години.
Сузана Фиданска- Стоевска
