Попоски: Нема сигнали дека Грција сака да ја отстрани блокадата
Многу фактори во ЕУ се согласуваат со оценката дека Македонија ќе биде поблиску до Унијата, ако започнат преговорите, но досега нема сигнали според Попоски дека Атина сака да ги отстрани пречките, за да влеземе во следната фаза од зачленувањето во ЕУ...

Шеста година по ред Европската комисија дава препорака, а Советот на министри ја одложува одлуката за почеток на преговорите, поради една земја членка со која имаме билатерален спор - овој испробан рецепт изјави шефот на македонската дипломатија по средбата со амбасадорите на земјите членки во ЕУ - не води кон зголемената веројотаност за правење исчекор и почеток на преговорите. Но евидентно е според Попоски, дека се зголемува критичната маса за поинаков пристап.
„Постои критична маса на луѓе во европските кругови кои се свесни и се залагаат за почеток на преговори со Македонија бидејќи сметаат дека е тоа навистина неопходно. Но во поглед на носењето на одлуки во ЕУ за нас е главан Атина и Атина одлучува за типот на одлуки кои ќе бидат донесени. Пораката која ја упативме ние е дека пристапот кој досега го има е веќе тестиран“, рече Никола Попоски, министер за надворешни работи.
Наша домашна обврска и натаму остануваа реформите, но Брисел очекува изјави првиот човек на дипломатијата, и нормализирање на политичкиот дијалог.
„Пораките беа упатени и во правец на зајакнување на политичкиот дијалог, односно присуство на сите актери, особено оние кои се отсутни од Собранието, да ги почитуваат институциите и да бидат конструктивен дел од европската агенда во Македонија“, рече Никола Попоски, министер за надворешни работи.
Многу фактори во ЕУ се согласуваат со оценката дека Македонија ќе биде поблиску до Унијата, ако започнат преговорите, но досега нема сигнали според Попоски дека Атина сака да ги отстрани пречките, за да влеземе во следната фаза од зачленувањето во ЕУ.
Виолета Димовска
