Студентски желби за 2014
Наместо лампиони , на студенсстката елка се закачени новогодишни желби. Ја красеа студентите од Филозофски факултет. Напишаа - подобри услови во студентските домови , помала партиципација, повеќе дестки и положени испити. Магдалена и Кристина се најконкретни. „Очекувам во 2014-та секој студент што е апсолвент и кој е во завршната година и ќе си ја пронајдат среќата и работодавците ќе ги отворат вратите за нас“,изјави Кристина Јовановска, студент. „Се запишав на вториот циклус и се надевам на подобрување на работите и побрзо наоѓање на работа“ изјави Деспина Столеска, студент.

Наместо лампиони , на студенсстката елка се закачени новогодишни желби. Ја красеа студентите од Филозофски факултет. Напишаа - подобри услови во студентските домови , помала партиципација, повеќе дестки и положени испити. Магдалена и Кристина се најконкретни. „Очекувам во 2014-та секој студент што е апсолвент и кој е во завршната година и ќе си ја пронајдат среќата и работодавците ќе ги отворат вратите за нас“,изјави Кристина Јовановска, студент. „Се запишав на вториот циклус и се надевам на подобрување на работите и побрзо наоѓање на работа“ изјави Деспина Столеска, студент. Во годината која изминува многумина од студентите го вложија сиот свој труд. Поминаа голем број часови во студентските библиотеки , амфитеатри и на кампусот . Оние со кои разговаравме велат дека догодина не се откажуваат од своите цели и иднината ја гледаат во Македонија . „Нашиот живот е полн со предизвици и со падови , секој човек треба да се бори и ние како студенти и како движечка сила мора да успееме по секоја цена“, изјави Кристина Јовановска, студент . На универзитетот Кирил и Методиј во Скопје се испреплетуваат различни судбини. Желбите не се нови, ги имаат генереации и генерации студенти. Што значи некои работи тешко се менуваат. Надлежните за догодина ветија дека ќе почнат да ги модернизираат старите и да градат нови студентски домови. Низа проекти за подобрување на животниот стандард веќе се во програмата на Министерството за образование.
Викторија Тодоровска
