Реми на ПСВ за фудбалска пролет

28.11.2014 19:12

Откако вчера поради обилниот дожд и поплавениот терен натпреварот меѓу Есторил и ПСВ беше прекинат при водство на домаќините со 3-2...

Екипата на ПСВ Ајндховен е 14-тата што по 5-тото коло во групната фаза на фудбалската Лига Европа обезбеди настап во 1/16-ет финалето. Откако вчера поради обилниот дожд и поплавениот терен натпреварот меѓу Есторил и ПСВ беше прекинат при водство на домаќините со 3-2, денеска се доигра второто полувреме во кое со голот на Вајналдум во 82-та минута ПСВ израмни на 3-3 што беше и конечен резултат.Освоениот бод за холанѓаните беше доволен за обезбедување на второто место во групата Е што води во нок-аут фазата на второто по ранг европско фудбалско натпреварување.