МРТ во Белата куќа: Почнуваат подготовките за Божиќ
Еден ден по почетокот на големите божиќни распродажби и Денот на благодарноста, во Белата куќа почнуваат подготовките за Божиќ. Македонската телевизија имаше ексклузивно право да присуствува на дочекот на божиќната елка од страна на првата дама, Мишел Обама во Белата куќа...

5,6 метри високата елка од фарма од Пенсилванија со запрежна кола влечена од два коњи пристигна во Белата куќа. Првата дама Мишел Обама со ќерките Малиа и Саша ја пречекаа елката пред северната порта на претседателската резиденција. Елката ќе ја краси Сината соба во Белата куќа за божиќните и новогодишните празници.
„Во ред! Среќни празници! Ви благодарам многу на сите!“, рече првата дама на САД.
Оваа година, семејството Ботек од Лехингтон Пенсилванија е донатор на божиќната елка за Белата куќа. Тие се фармери за божиќни елки коишто двапати освоиле и награди за најубаво божиќно дрвце. Оваа традиција во Белата куќа постои од 1966-та година. Семејството Обама за Божиќ ќе бидат домаќини на божиќниот бал во Белата куќа.
Божиќ е најомилениот празник во Америка којшто трае седум дена до Нова Година.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
