Дерби
Ќе играат Вардар и Работнички, двете водечки екипи на табелата. Можеше ли да се изрежира поинтерсна завршница пред повлекувањето на протагонистите во своите зимски бази!

Ќе блесне утре националната Филип Втори Арена. Под светлоста на рефлекторите ќе се спушти завесата на есенската сеанса од фудбалското првенство на Македонија. Ќе играат Вардар и Работнички, двете водечки екипи на табелата. Можеше ли да се изрежира поинтерсна завршница пред повлекувањето на протагонистите во своите зимски бази!
Од августовскиот старт маршираше Вардар главно победнички, градејќи ја бодовната кула! Се до минатиот викенд кога прв пат во првенството во Тетово беше сериозно разнишан од Ренова. И натаму е лидер на табелата, но сега со достижни 3 бода разлика. Работнички, на почетокот од првенството резултатски затечен, со сила на торнадо почна резултатски да разурнува се пред себе.Со деветте победи едноподруго заканувачки му се приближи на Вардар.
Низ децениите наназад е градена привлечноста на соочувањето на двете екипи од скопското соседство.Утре ќе го одиграат 46-от првенствен дуел, во кој Вардар влегува со, за нијанса подобар скор. Со една победа повеќе, извојувана пред два месеца со 2:0. Тоа всушност беше последниот од 4-те првенствени порази на Работнички, по кој започна неговото резултатско кревање. Во подолг период Вардар игра без повредените Глишиќ и Љамчевски, па Сегеј Андреев е со сосема мали дилеми околу почетниот состав, кој игра во изминатите кола Игор Ангеловски исто така нема причина нешто да менува во победничката стратегија, во која главните гол-егзекутори се Алтипармаковски и Стојков.
Доволно мотиви за вистинско дерби!И во амбиент достоен за еден ваков натпревар!
Прва лига-17 коло:недела 13.00 часот
Металург-Тетекс
Хоризонт-Ренова
Брегалница-Силекс
Шкендија-Пелистер
Вардар-Работнички -17.00- МРТ пренос
