Филип Несторовски- каратист со кој Македонија се гордее
Од сите пороци на денешнината Филип го одбра правилниот начин на живот. Неговиот тренер вели дека се работи за еден исклучително талентиран спортист, а негова најсилна страна е ударот со нога...

Македонија има спортисти со кои може да се гордее. Филип Несторовски на 6 години се запишува на карате и уште на првиот турнир добива златен медал. Оттогаш не престанува да реди успеси.
На 12 години стана светски првак во карате во Истанбул, има над 250 златни медали и признанија. Желбата за овој спорт ја добил гледајќи филмови со Џеки Чен и Брус Ли. Сега има 14 години и во моментов е државен првак во кадетска категорија и 2 години по ред нема изгубено натпревар.
Одличен ученик е во средното училиште Васил Антевски Дрен, тренира 5 дена во неделата по два часа во клубот Металург и се храни здраво. Вели тоа е патот до успехот.
Од сите пороци на денешнината Филип го одбра правилниот начин на живот. Неговиот тренер вели дека се работи за еден исклучително талентиран спортист, а негова најсилна страна е ударот со нога, кој го прави супериорен во однос на другите натпреварувачи. Следен предизвик- европското првенство во февруари 2015-та во Франција.
Треба да си број 1 за да ја претставиш репрезентацијата на Македонија. Чест ми е да настапувам за карате репрезентацијата на мојата земја, да се качам на пиедесталот под знамето на Македонија и да свири македонската химна- раскажува Филип.
Александра Перевска
