Енергетскиот пасош ќе биде гаранција за квалитетот на градбата

29.11.2014 17:17

Енергетскиот пасош ќе донесе пониски трошоци за домаќинствата, заштеда на енергија, фер борба на пазарот. Предложените законски измени за градење ќе им овозможат на граѓаните да им биде гарантиран квалитетот...

Од Нова година освен паркетот и плочките во станот, важна ќе биде и енергетската класа на објектот. Оние што што градат или реновираат ќе мора да поседуваат енергетски пасош.

Обврската е дел од европското законодавството, кон кое и Македонија ги приспособува своите регулативи. Според експертите во време на скапа енергија, квалитените градби значат и помала месечна сметка за струја.

„За да се добие градежна дозвола, секој потенцијален инвеститор треба да добие потврда со која што се потврдува дека проектот е изработен да задоволи барем минимум услови за енергетска ефикасност“, вели Константин Димитров,  од МАЦЕФ.

Поквалитетната градба и топлинската изолација ја зголемува и цената на самиот, објект велат од градежниот сектор.

„Треба да бидеме претпазливи поради тоа што има седум нивоа на енергетски ефикасни објекти, така што тој енергетски пасош ќе го имаат сите и ќе биде еден вид потврда за она што го направиле“, вели Влатко Богоевски.

Енергетскиот пасош го издаваат лиценцирани фирми, а цената за метар квадратен е 30 денари. Освен термо фасада, мерките за зголемување на енергетската ефикасност вклучуваат и замена на прозорците, поставување изолација на покривите, инсталирање сончеви колектори.

Со енергетскиот пасош треба се воведе целосна контрола во спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност, од проектната документација до изградбата на целиот објект.

 

Синчица Николовска