Отворена нова градинка во населбата Црниче

29.11.2014 17:51

Таа е отворена во адаптиран дел на училиштето „Кузман Јосифонски Питу“. За адаптација биле инвестирани 3 милиони денари...

Населбата Црниче доби нова градинка „Перуника“ со капацитет да згрижи педесеттина деца, а се отвара на барање на жителите од оваа населба.

Таа е отворена во адаптиран дел на училиштето „Кузман Јосифонски Питу“. За адаптација биле инвестирани 3 милиони денари.

Градинката веќе користи нов ефикасен метод на затоплување со биомаса, а вакво греење ќе се воведе во уште две училишта во општината.