Судот во Египет ги отфрли обвиненијата против Мубарак

29.11.2014 18:14

Шефот на државата кој беше насилно соборен од власт во 2011- тата, беше обвинет за злоупотреба на службената положба и масовни убиства за време на демонстрациите...

Египетскиот суд ги отфрли сите обвиненијата против поранешниот претседател Хосни Мубарак и неговите најблиски соработници.

Шефот на државата кој беше насилно соборен од власт во 2011- тата, беше обвинет за злоупотреба на службената положба и масовни убиства за време на демонстрациите.

Честитки до Египет и сите египјани, врз претседателот Мубарак беше направена неправда. Денешната одлука е праведна и објективна, велат поддржувачите на Мубарак.