Рахој: Нема да дозволиме никакви закани по единството на Шпанија

29.11.2014 18:29

Рахој остро го критикуваше претседателот на каталонската влада Артур Мас...

Шпанскиот премиер Маријано Рахој во посета на Kаталонија, прва по одржувањето на симболичниот референдум за независност на покраината. 
 
„Нема да дозволиме никакви закани по единството на Шпанија. Никој не треба да биде принуден да бира дали е Каталонец или Шпанец“, истакна Рахој.
 
Рахој остро го критикуваше претседателот на каталонската влада Артур Мас, кој по симболичниот референдум работи на организирање предвремени регионални избори, на кои ќе биде претставена заедничка листа на кандидати што поддржуваат отцепување.