Неприлагодена брзина- најверојатна причина за страшната несреќа во Велес
Невнимание, неприлагодена брзина или нешто друго, истрагата на полицијата треба да го даде одговорот која е причината автомобилот „Фолксваген Шаран“ да излета од патот и да заврши на коловозот од кружниот тек на влезот во Велес. Среќа во целата оваа несреќа, е што во моментот на падот на кружниот тек немало други возила...

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во Велес. Автомобил марка „Фолцваген Шаран“ во кој имало тројца тинејџери и едно мало дете, излетал од патот дирекно на коловозот од кружниот тек на источниот влез во Велес. Очевидци се малолетни деца, другарчиња на сега повредените.
„Кога излета колата од грмушките ние се симнавме од горе и видовме дека колата надоле паѓа... Го видов тој човекот како стои на дрво... Тој стоеше... не лежеше, во легната положба беше“, велат очевидците на страотната несреќа.
На местото на несреќата први притрцале да помогнат вреботените во блиската бензиска пума. Велат глетката била страотна.
„Брзо потрчавме со колегата надвор и веќе беше паднат. Се помисливме од каде може да биде, почнаа луѓето одозгора да викаат дека одозгора паднал“, вели вработен во блиската бензиска станица.
Повредените веднаш се пренесени во Градската болница. Поради сериозноста на повредите најмладиот патник во возилото е пренесен на лекување на клиника во Скопје.
„Детенцето е со повреда на глава во сопорозна состојба и пратено е за Скопје на Клиника со присуство на анестезиолог. Овде се заджани тројца, моментално се на ренгенски и ехо испитувања“, изјави д-р Љубчо Леов.
На местото на несреќата увид направи СВР Велес. Неофицијално причина за излетување на автомобилот била неприлагодената брзина со која бил управуван. Видливи траги на кочење нема.
Дијана Иванова
