Кошарка
Унион Олимпија пресилна за Аеродромци
29.11.2014 23:13
Урош Лучиќ беше најдобар стрелец на мечот од 10-та рунда, со 17 поени...

Пораз на МЗТ во Љубљана, со супер прво полувреме, но бледо второ. Металците ги завршија првите 20 минути со само поен негатива кај фаворитот, кој што сепак притисна во третиот период (19:11) и само финишираше во последниот (19:15), за конечните 69:56.
Урош Лучиќ беше најдобар стрелец на мечот од 10-та рунда, со 17 поени, две промашувања за два во 6 обиди и едно за три во 4 обиди, зачинети со 2 скока. Другиот двоцифрен беше Цветковиќ, со 13 поени. мЗТ Скопје загуби 12 топки, не искористи ништо од 10-те офанзивни скокови, имаше под 40% реализација од поле.
Унион Олимпија, на крилата на искусниот Мариновиќ кој што постигна 2 врзани тројки во финишот и пред време го реши победникот, одигра солиден меч и покрај отсуството на тројца клучни повредени кошаркари – Рупник, Салин и Муриќ. Омиќ имаше 14 поени, а Мариновиќ, Канацевиќ и Маринели постигнаа по 13.
Задар славеше против Крка со 79:69, Будуќност против Солнок со 75:68. Следно од АБА лигата, на програмата на МТВ, е српското и балканско дерби Звезда – Партизан, утре од 19 часот на собранискиот сервис.
