Кошарка - НБА

16-ти пораз на Филаделфија!

30.11.2014 16:15

Со одлука на тренерот Мајк Баденхолцер, македонскиот кошаркар не учествуваше во победата на Хоукс од 105:75 за којашто најзаслужен беше Шол Мислап со 18 поени и со 6 скока...

Во НБА ноќта со шест натпревари, Атланта немаше проблеми против Шарлот и без Перо Антиќ. Со одлука на тренерот Мајк Баденхолцер, македонскиот кошаркар не учествуваше во победата на Хоукс од 105:75 за којашто најзаслужен беше Шол Мислап со 18 поени и со 6 скока.

Кливленд е во мини серија од три триумфи, откако дома беше подобар од Индијана со 109:97. Двоен ефект остварија Кевин Лав со 28 поени и 10 скока и Кајри Ирвинг со четири коша помалку, а ист број освоени топки под обрачите. Во осмата победа сезонава, Леброн Џејмс придонесе со 19 поени и со 7 асисетнции..

Филаделфија пак, реди само порази. 110:103 за Далас што е 16-ти загубен меч на „седумдесетишестките“, најслаб старт во историјата на франшизата и само три порази од најлошото постигнување од постоењето на НБА. Бадијала домашниот бек Мајк Картер - Вилијамс во три статистики беше двоцифрен, 18 поени, 16 асистенции, 10 скока. Ако ги загубат и дуелите со Сан Антонио, Минесота и со Оклахома, кошаркарите на Филаделфија ќе станат неславни НБА рекордери.

Во другите натпревари: Вашингтон - Њу Орлеанс 83:80, Милвоки - Хјустон 103:117 и Јута - Клиперс 96:112.