Фудбал

Металург поразен од Тетекс!

30.11.2014 16:19

„Отпишаните“ Тетовчани во последното коло од есенскиот дел ја постигнаа првата првенствена победа...

Сензација ! Металург во Скопје е поразен од Тетекс со 2:0. „Отпишаните“ Тетовчани во последното коло од есенскиот дел ја постигнаа првата првенствена победа. Шкендија со 5:0 го совлада Пелистер урнувајќи го одбранбениот бедем на Битолчани, кои во изминатите 16 кола примија само осум голови! Брегалница и Силекс одиграа нерешено 1:1, а  без победник 0:0 заврши и дуелот во Турново меѓу Хоризонт и Ренова. Во 17 часот во Скопје ќе се одигра дербито меѓу двете водечки екипи на табелата Вардар и Работнички.

 

Прва лига:17 коло

Металург-Тетекс  0:2

Хоризонт-Ренова  0:0

Брегалница-Силекс  1:1

Шкендија-Пелистер  5:0

 

17.00 часот: Вардар-Работнички – пренос МРТ